Усогласеност и безбедност

Evrotrust е квалификуван давател на доверливи услуги (QTSP). Нашата технологија и квалификуваните доверливи услуги се регулирани со наднационалното законодавство на Европската Унија – Регулативата (ЕЗ) бр. 910/2014 за електронска идентификација и доверливи услуги (eIDAS). Оваа регулатива има директна примена и е задолжителна во сите земји членки на Европската Унија, без потреба од нејзино транспонирање во националното законодавство. Бидејќи Evrotrust Technologies JSCo е регистрирана во земја членка на Европската Унија, квалификуваните доверливи услуги што ги обезбедуваме се признаени низ целата ЕУ. Нашето работење редовно се ревидира од независни тела за оцена на усогласеноста, овластени и надгледувани од националните надзорни органи, со што се потврдува усогласеноста со сите применливи европски стандарди. Благодарение на тоа, нашите решенија уживаат правно признавање согласно важечкото законодавство.

Мк13
iso icons.png

Усогласеност со индустриски стандарди

Технологијата, услугите и инфраструктурата на Evrotrust ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди и подлежат на целосна ревизија за оцена на усогласеноста на секои две години. Нашите сертификати се достапни подолу:

Целосен спектар на квалификувани доверливи услуги

Ги исполнуваме највисоките стандарди за да ви обезбедиме сигурно и доверливо партнерство.

Нашата услуга за далечинска електронска идентификација е сертифицирана согласно eIDAS. Таа се заснова на потврдување на идентитетот на корисникот преку паметен уред кон секоја заинтересирана трета страна, со издавање еднократни квалификувани сертификати за атрибути, согласно член 28 став (3) од eIDAS. Издавањето и одржувањето на квалификувани сертификати за електронски потписи и електронски печати од страна на Evrotrust е сертифицирано согласно член 24 став (1) точка (г) од eIDAS и е впишано на Листата на доверливи услуги на Европската Унија. Дополнително, нашето решение за далечинско потпишување со квалификувани електронски потписи е ревидирано од независно тело за оцена на усогласеноста и е потврдено дека ги исполнува сите применливи европски стандарди.

KYC и AML

Решението на Evrotrust овозможува правно валидна верификација на значителен дел од податоците потребни за KYC преку собирање и валидација на лични податоци, копија од документ за идентификација и самопотпишани изјави (на пример, PEP, извор на средства и слично).

Ги исполнуваме барањата од член 24 на eIDAS за верификација на идентитетот на лицето на кое му се издава квалификуван сертификат.Овој метод е правно валиден за KYC/AML цели, согласно Директивата (ЕУ) 2018/843 на Европскиот парламент и Советот од 30 мај 2018 година (Петта директива за спречување перење пари), со која се изменува Директивата (ЕУ) 2015/849.

1

GDPR

Evrotrust, како контролор на лични податоци, постојано го унапредува својот Систем за управување со информации за приватност (PIMS). Компанијата е сертифицирана според меѓународниот стандард ISO/IEC 27701, кој ги надградува ISO/IEC 27001 и ISO/IEC 27002 со барања и насоки за управување со лично препознатливи информации (PII).

Evrotrust ги применува барањата на овој стандард за управување и заштита на личните податоци, строго почитувајќи ги GDPR и националното законодавство за заштита на личните податоци. Организацијата има воспоставено рамка за управување со информации за приватност (PIMS), која опфаќа политики, процедури и технологии за заштита на личните податоци во текот на целиот нивен животен циклус – од собирањето до нивното бришење. На тој начин Evrotrust ги идентификува и управува ризиците поврзани со обработката на личните податоци и обезбедува тие секогаш да се обработуваат безбедно и законски.

ISO/IEC 27701 му помага на Evrotrust да ги исполнува барањата на GDPR, како и другите национални и меѓународни прописи за заштита на личните податоци. Со имплементацијата на ISO/IEC 27701, корисниците на Evrotrust можат да бидат сигурни дека нивните лични податоци се обработуваат според највисоките меѓународни стандарди.

Клиентите на Evrotrust можат да бидат уверени дека компанијата:

  • Ги применува најдобрите практики за заштита на личните податоци, со што го намалува ризикот од злоупотреба и нарушување на безбедноста на податоците.
  • Ги исполнува рсите применливи регулаторни барања, вклучувајќи го GDPR, обезбедувајќи законска и етичка обработка на податоците.
  • Обезбедува транспарентна обработка на личните податоци и презема целосна одговорност за нивната заштита.

2

PSD2

Решението на Evrotrust е целосно усогласено со Директивата 2015/2366 (PSD2) и ги исполнува барањата за силна автентикација на корисници (Strong Customer Authentication – SCA). Нашиот метод за двофакторска автентикација користи OTP и други динамички методи за размена на автентикациски податоци, комбинира повеќефакторска заштита базирана на знаење и биометриски карактеристики и се заснова на регулирани квалификувани доверливи услуги со асиметрична криптографија.

3

Целосно усогласен QTSP во Европската Унија

Ви овозможуваме сигурно да ги верификувате клиентите без оглед на државата или регулаторната средина во која работат. Чекањето регулаторите да утврдат неусогласеност не е добра деловна стратегија. Со Evrotrust можете лесно да регистрирате нови корисници, притоа почитувајќи ги сите применливи законски барања. Така обезбедувате усогласеност со прописите и подобро корисничко искуство истовремено.

compliance2.jpg

Барате доверливи услуги за дигитализација на вашиот бизнис?

Сеопфатниот пакет алатки на Evrotrust ги нуди решенијата што ѝ се потребни на вашата компанија за успешна дигитализација.

footer get in touch.jpg