
2
Регистрација на профил
Отворете ја Evrotrust апликацијата и изберете “Македонски“ јазик, а потоа кликнете на копчето “Регистрација.”

3
Прегледајте ги и прифатете ги условите
Прочитајте ги условите за користење на апликацијата и прифатете ги за да можете да продолжите со регистрацијата.

4
Креирајте PIN код
Смислете 6-цифрен PIN код.
PIN-от ќе ви биде потребен за можете да се најавите на Evrotrust мобилната апликација.
Запомнете го вашиот PIN. Evrotrust не го зачувува вашиот PIN, така што ако го заборавите, не можеме да ви помогнеме да го вратите.

5
Скенирајте го вашиот Пасош или Л.К.
Насочете ја камерата кон документот за идентификација и следете ги упатствата на екранот за да го снимите.
При скенирање на Лична Карта, процесот треба да го повторите и за предната и за задната страна на Личната Карта.
Важно: Ако вашиот документ не е јасно читлив (нпр. фотографијата е премногу темна, матна или не го скенирате целиот документ), регистрација ќе биде неуспешна. Проверете дали вашите податоци се јасно читливи пред да продолжите.
Ако сте задоволни со снимката на документот и гледате дека сите информации се лесно читливи, притиснете на копчето ‘Потврди’ за да продолжите.

6
Направете селфи во апликацијата
За да потврдите дека навистина сте вие на другата страна, потребно е да направите видео селфи со Evrotrust мобилната апликација.
Важно: Следете ги упатствата во апликацијата.
Треба да бидете во добро осветлена просторија за да може камерата правилно да ги сними вашето лице. Апликацијата ќе ви побара да го придвижите мобилниот телефон додека го вршите снимањето.

7
Внесете ги вашите контакт информации
За да ја завршите регистрацијата, внесете го вашиот мобилен број и e-mail адреса. Ќе добиете СМС порака за да го потврдите внесениот мобилен број, како и линк за верификација на e-mail адресата.

8
Регистрацијата е завршена!
Честитки! Успешното го завршивте процесот на регистрација, сега имате Квалификуван Сертификат за Електронски Потпис.
Сега можете Електронски да потпишувате и испраќате документи за потпишување.
Упатство за регистрација
Едноставно е, следете го упатството преку видеото:








