Потпишувајте документи електронски со SMS OTP потпис
Преминете на дигитално потпишување документи со еднократни лозинки (OTP). Нашето SMS OTP решение е наједноставниот прв чекор кон воведување на квалификувани електронски потписи (QES) во вашите процеси за управување со документи. Брзо и лесно за интеграција, SMS OTP потписот од Evrotrust ви овозможува високо ниво на безбедност без компромис со корисничкото искуствоо.

Зошто да го изберете OTP потписот?
Наједноставниот начин за електронско потпишување – со еднократна лозинка (SMS OTP);
Не е потребно корисниците да ја преземат мобилната апликација Evrotrust;
Погоден за електронско потпишување и во живо и од далечина;
Идеален за банкарски услуги во филијали, осигурителни агенти, продажба во телекомуникациски салони и други продажни места;
Има иста правна важност како своерачниот потпис;
Целосно автоматизирана API интеграција.
Придобивки за вашиот бизнис
Намалете ги трошоците поврзани со ористењето, чувањето и организирањето хартиени документи.
Добијте потпишани договори и други официјални документи за само неколку секунди.
Обезбедете усогласеност со барањата за AML и KYC со квалификуваните електронски потписи на Evrotrust, усогласени со eIDAS.
Скратете го времето потребно за регистрација на нови клиенти и опслужување на постојните, овозможувајќи им на вашите вработени да услужат повеќе клиенти.
Поддржете ја ESG-стратегијата на вашата компанија и намалете го јаглеродниот отпечаток со преминување кон дигитални процеси и намалување на употребата на хартија.
Опции за имплементација
Постојат два начина за интегрирање на OTP-потписите на Evrotrust.
Едноставна API интеграција
- Поврзете го вашиот постоен систем со Evrotrust преку REST API.
- Подготвувајте и испраќајте документи директно во сопственото работно опкружување.
- Нашиот технички тим ќе ви обезбеди поддршка во текот на имплементацијата, како и лесно разбирлива API-документација, упатства и дополнителни материјали.
Веб-портал без потреба од програмирање
- Готово решение што не бара време за развој.
- Пристапувајте до порталот онлајн преку вашиот интернет-прелистувач.
- Порталот функционира како поедноставен систем за управување со документи, преку кој можете да испраќате, чувате и прегледувате потпишани документи.
Како функционира?
Заклиентот да потпише документ со SMS OTP, без разлика дали е присутен лично или потпишува од далечина, најпрво треба да му испратите документ за потпишување. Потоа клиентот добива SMS порака со еднократен шестцифрен код (OTP) или линк преку кој може да го потпише документот. По успешното потпишување, документот автоматски ќе биде достапен во вашиот систем и ќе биде испратен и на е-адресата на клиентот.

