Испраќајте и потпишувајте документи со квалификувани електронски потписи
Искористете го нашето сеопфатно решение за електронски потпис за да ја зголемите деловната ефикасност, да го забрзате растот и да обезбедите сигурност и усогласеност. Со Evrotrust лесно ќе разменувате и потпишувате документи со вашите вработени и деловни партнери преку различни уреди. Нашите квалификувани електронски потписи имаат иста правна сила како своерачните потписи.
Дигитализирајте ги постојните процеси од почеток до крај со електронски потписи
Потпишувајте договори при прием на нови клиенти или вработени, склучување нови договори и сл.
Намалете ги трошоците така што ќе користите помалку хартија и ќе заштедите време, без да ја загрозите безбедноста.
Обезбедете одлично корисничко искуство за клиенти и деловните партнери преку онлајн потпишување документи.
Воспоставете KYC процес усогласен со eIDAS, во кој идентитетот на новите клиенти секогаш се верификува.
Клучни показатели во бројки
Какво е деловното и еколошкото влијание на електронските потписи?
0
%
од испратените документи се потпишуваат во рок од 10 минути
0
%
просечна заштеда на оперативните трошоци со електронски потписи
0
%
побрзо потпишување по дигитализацијата
0
тони
тони избегнати емисии на CO₂ со користење на електронските потписи на Evrotrust во 2024
Зошто да потпишувате со Evrotrust?
Потпишете документи за неколку секунди
Корисниците што првпат ја користат услугата можат да потпишат документ за помалку од две минути. Постојните корисници потпишуваат веднаш, со еден допир.
Потпишувајте од мобилен уред
Заборавете на потребата од USB токен, смарт картичка или инсталирање драјвери и сертификати. Потпишувајте директно на паметен телефон или таблет.
Повеќе можности за интеграција
Од white-label SDK до API, Evrotrust нуди различни начини на интеграција за да одговори на вашите деловни потреби.
Трансгранична усогласеност и достапност
Граѓаните од 61 земја можат да се потпрат на нашите квалификувани електронски потписи со целосна правна сила.
Високо ниво на доверба и ИТ безбедност
Електронските потписи на Evrotrust се целосно усогласени со eIDAS, ETSI-сертифицирани и шифрирни за максимална безбедност.
Целосен спектар на електронски потписи
Evrotrust нуди едноставни, напредни и квалификувани електронски потписи за трансакции со различно ниво на чувствителност.
За еднократни трансакции користете OTP електронски потписи
Со иста правна сила како своерачните потписи и целосни можности за автоматизација преку API, OTP електронските потписи се идеално решение за еднократни трансакции. Тие им овозможуваат на вашите клиенти лесно да потпишуваат електронски, без да ја инсталираат мобилната апликација Evrotrust.
Наместо тоа, ќе добијат SMS порака со код со ограничен рок на важност, кој ќе го искористат за потпишување. Потпишаниот документ веднаш ќе биде достапен, а клиентот ќе добие копија по е-пошта за своја лична евиденција.
Напредни електронски потписи (AES): Паметен избор за секојдневни договори
Нашиот напреден електронски потпис (AES) е сигурно решение што успешно ги комбинира правната сила, техничката безбедност, флексибилноста и едноставноста на користење. Правно е признат и погоден за широк спектар случаи со низок до среден ризик, каде што не е задолжителна усогласеноста со AML и KYC барањата.
Единствено поврзан со потписникот и овозможува негова идентификација.
Полесни барања за идентификација за побрзо вклучување и прифаќање
Беспрекорна интеграција преку API со SMS OTP потпишување.
Криптографски обезбеден од Evrotrust.
Секоја последователна промена на потпишаните податоци може да се открие.
Забелешка: Со AES, методот за идентификација на клиентот е целосно ваш избор.
Препорачана употреба:
Деловни трансакции со среден ризик, за кои не е потребна целосна идентификација за QES;
Потпишување повторувачки договори со клиенти и секојдневни деловни документи со низок степен на чувствителност;
Внатрешни HR документи;
Други ситуации во кои не е потребно исполнување на построги барања за усогласеност.
Можете да ги користите електронските потписи на Evrotrust и со нашите партнери:
Успех што зборува сам за себе
“Благодарение на Evrotrust, за само година и пол од имплементацијата заштедивме повеќе од 200.000 страници документација, како и значителни трошоци за печатење, корици и загуба на време порепно при размена на документација.”
Стефан Вернеде
Главен финансиски директор, SOF Connect
“Брзината, безбедноста и сигурноста на решението за електронски потпис на Evrotrust совршено одговорија на потребите на нашата компанија. Воведувањето на електронското потпишување документи во нашите HR процеси веднаш го намали времето за обработка за 10% кај клучните HR функции.“
Претставник на Discordia
“Дигитализацијата и елиминирањето на рачните задачи доведоа до намалување на трошоците и отпадот од хартија, како и до значителна заштеда на време и ресурси. Автоматизацијата на процесот на потпишување му овозможи на нашиот тим да работи поефикасно и да се фокусира на покреативни проекти.”
Марин Петков
Сениор менаџер за корпоративно известување, SoftServe
“Сведочиме на сѐ поголем интерес за далечинските услуги, кои Porsche Finance Group Bulgaria денес може да ги обезбеди благодарение на доверливата дигитална верификација на идентитетот и електронските потписи. Тоа ни овозможува уште подобро да им излеземе во пресрет на клиентите во Бугарија и во странство.”
Делијана Димитрова
HR и маркетинг менаџер, Porsche Finance Group Bulgaria
Најчесто поставувани прашања
Што е електронски потпис?
Што е eIDAS?
Кои се типовите на електронски потписи?
Кои се разликите помеѓу SES, AES и QES?
Дали електронските потписи се правно признати и извршливи?
Дали ви е потребна мобилната апликација за потпишување документи со Evrotrust?
Дали Evrotrust ги чува потпишаните документи?
Кои формати на документи и eлектронски потписи ги поддржува Evrotrust?
Што е електронски потпис?
Електронскиот потпис е дигитална алтернатива на своерачното потпишување документи и ја изразува намерата на физичко или правно лице да ја потврди или прифати содржината на документот. Воедно, служи и за идентификација на потписникот.
Наместо да работите со хартиени документи, можете електронски да потпишувате договори и други документи преку компјутер или мобилен уред. Електронските потписи издадени од квалификувани даватели на доверливи услуги, како што е Evrotrust, имаат иста правна сила како своерачно потпишаните документи.
Што е eIDAS?
eIDAS е регулатива на Европската Унија што ја уредува електронската идентификација и доверливите услуги при електронските трансакции. Таа ја воспоставува правната рамка за електронска идентификација, електронски потписи, електронски печати, временски жигови, електронска достава и други доверливи услуги, овозможувајќи сигурни и правно признати електронски трансакции низ Европската Унија.
Кои се типовите на електронски потписи?
Во зависност од нивото на сигурност и правната сила, електронските потписи се делат на едноставни (SES), напредни (AES) и квалификувани (QES). Секој од овие типови е наменет за ситуации со различно ниво на ризик – низок, среден или висок.
Кои се разликите помеѓу SES, AES и QES?
Според дефинициите утврдени во eIDAS, едноставниот електронски потпис (SES) е најосновниот вид електронски потпис. Иако е правно признат, нема иста правна сила како квалификуваниот електронски потпис. Тој може да биде, на пример, скенирана слика или фотографија од своерачен потпис, внесување на нечие име преку таблет или означување поле за избор (checkbox) со кое потврдувате дека сте ги прочитале и ги прифаќате условите на договорот.
И напредниот електронски потпис (AES) и квалификуваниот електронски потпис (QES) користат дополнителни безбедносни механизми што го поврзуваат потписот единствено со потписникот и овозможуваат негова сигурна идентификација. Овие потписи можат да се применуваат само по издавање на сертификат за електронски потпис што овозможува идентификација на потписникот.
Главната разлика е што QES обезбедува повисоко ниво на сигурност од AES, бидејќи постапката за издавање на сертификатот вклучува проверка на идентитетот на потписникот. Само квалификуваните даватели на доверливи услуги имаат законско право да издаваат квалификувани сертификати за електронски потпис (QES).
Дополнително, QES по правило има правна сила еднаква на своерачен потпис, додека правното дејство на SES и AES зависи од меѓусебната согласност на договорните страни. На пример, барање за банкарски кредит може да се поднесе електронски со QES, додека AES може да не биде прифатлив. Институцијата што го издава документот ги определува условите и може да утврди дали за одреден документ е потребен AES или QES.
Друга важна разлика се однесува на начинот на признавање на различните видови електронски потписи. И SES и AES се потпираат на тоа договорните страни меѓусебно да го признаат потписот како валиден.
Од друга страна, QES по сила на законот има правно дејство еднакво на своерачен потпис и не бара дополнителна согласност меѓу страните. Доколку некоја од страните сака да оспори договор потпишан со QES, товарот на докажување паѓа на страната што го оспорува потписот. Поради тоа, за договори со поголема правна или финансиска важност најчесто се користи квалификуван електронски потпис како најсигурно решение.
Дали електронските потписи се правно признати и извршливи?
Сите видови електронски потписи се правно признати, но се разликуваат според нивната правна сила и доказна вредност. Квалификуваниот електронски потпис (QES) има правна сила еднаква на своерачен потпис, што го прави најсигурниот избор за правно значајни трансакции.
Во исто време, едноставниот (SES) и напредниот електронски потпис (AES) исто така можат да произведат правно дејство, доколку договорните страни се согласиле да ги прифатат. Од сите видови електронски потписи, SES најлесно може да биде оспорен.
Дали ви е потребна мобилната апликација за потпишување документи со Evrotrust?
Постојат повеќе начини за користење на решенијата на Evrotrust и не сите бараат крајниот корисник да ја користи нашата мобилна апликација.
Како деловен корисник, можете целиот процес на потпишување да го задржите на вашата веб-страница со користење на нашата веб-апликација. Исто така, можете да имплементирате комбиниран модел, при што корисникот се пренасочува од вашата веб-страница кон нашата апликација за потпишување, а потоа повторно се враќа на вашата веб-страница за да го заврши процесот.
Дополнително, можете да интегрирате white-label SDK во вашата сопствена апликација. Во тој случај, крајните корисници нема да ја користат мобилната апликација на Evrotrust при потпишувањето. Друга можност е имплементација на OTP-решение. Ниту еден од овие начини не бара користење на мобилната апликација за успешно електронско потпишување
Дали Evrotrust ги чува потпишаните документи?
Корисниците можат да ја прегледаат историјата на своите потпишани документи во апликацијата Evrotrust. Сепак, Evrotrust нема обврска да ги чува потпишаните документи. Затоа, им препорачуваме на корисниците секогаш да чуваат сопствени копии од документите.
Доколку корисникот го изгуби пристапот до својот профил (на пример, поради заборавена лозинка), Evrotrust нема да може да ги врати претходно потпишаните документи.
Кои формати на документи и eлектронски потписи ги поддржува Evrotrust?
Evrotrust ги поддржува сите вообичаени формати на документи што можат да се потпишуваат електронски. Меѓу нив се .pdf, .docx, .txt, .html, .xml и други.