Интегрирајте ја мобилната апликација Evrotrust преку API
Дигитализирајте ги вашите деловни процеси со квалификуваните електронски потписи, електронската идентификација (eID) и електронската достава на Evrotrust преку REST API. Ова е флексибилен, брз и едноставен начин за интеграција што овозможува побрзо пуштање на решението во употреба.

Со API на Evrotrust, вашиот бизнис може да:
Го автоматизира испраќањето и приемот на потпишани документи, без потреба од бавни и рачни процеси.
Обезбеди усогласеност со AML/KYC барањата и eIDAS регулативата. Нашите решенија ќе ви помогнат да ги исполните релевантните законски барања.
Ги идентификува клиентите со највисоко ниво на сигурност. Evrotrust ја презема правната одговорност за процесот на идентификација.
Смета на искусен тим за интеграција и детална техничка документација.
Овозможи повторна употреба на веќе верификувани идентитети, така што корисниците ќе можат да пристапуваат до нови услуги за само неколку секунди по првичната регистрацијаја.
Што претставува API на Evrotrust?
API му овозможува на вашиот систем да комуницира со Evrotrust во реално време, обезбедувајќи брзо и непречено корисничко искуство. Во пракса, кога е потребно корисникот да потпише документ или да се идентификува, вашиот систем автоматски воспоставува комуникација со Evrotrust за да го заврши соодветниот процес. По успешното потпишување или идентификација, API автоматски го известува вашиот систем за резултатот. Ова е целосно автоматизиран процес што се извршува во реално време.
Како функционира API на Evrotrust?
Без разлика која услуга на Evrotrust ја користите, процесот се одвива на следниов начин:
Корисникот ја користи вашата веб или мобилна апликација и сака да пристапи до услуга што бара идентификација или електронски потпис.
1
Вашата апликација испраќа барање за електронски потпис или идентификација преку API на Evrotrust.
2
Evrotrust го прима барањето и испраќа push-известување до корисникот за документот или барањето за идентификација што чека на обработка.
3
Корисникот ја отвора мобилната апликација Evrotrust и ги извршува потребните активности.
4
API на Evrotrust автоматски го испраќа резултатот назад до вашиот систем.
5
Вашиот систем му овозможува на корисникот пристап до услугата.
6

